“Вашиот стил е наша оговорност.
Ние го правиме вашиот дом подобро место.”

Барате квалитетно изработен мебел, кој ги задоволува вашите и потребите на вашиот простор за живеење? Произведуваме секаков вид на тапациран мебел и мебел по мерка и според потребите на нашите муштерии. Се грижиме за квалитетот на изработка исто колку и изгледот и линијата на мебелот кој го произведуваме. Стоиме зад тоа дека ќе го добиете тоа што сте го нарачале. Помагаме околу изборот на модел и околу димензиите.

Креативен персонал

Повеќе видови на материјали во разни бои и принтови од кои може да си одберете комбинација која ви се допаѓа за мебелот што го нарачувате. Богатата палета на бои и штофови овозможува да се задоволат сечии потреби. Доколку не сте сигурни, овде сме за да ви помогнеме.

Резултати

Навистина е прекрасно кога ја постигнуваме целта на нашата работа и постоење како фирма, а тоа се задоволни муштерии и извор на понатамошна инспирација.

Задоволни клиенти

Вие сте нашиот поттик и мотивација и понатаму да произведуваме квалитетен мебел за цени секому прифатливи и достапни,а воедно и мебел кој ќе ги задоволува вашите лични потреби и потребите на вашиот простор за живеење.

Бесплатна достава до вашиот дом

Кај моделите од 13,500 и 14,500 во цената е вклучена достава до двор/влез, на однапред монтиран лежај, кај останатите од 15,900 до 22,900 вклучена е достава и монтажа во цената.